Во саботниот број на Нова Македонија (4-5 септември) прочитав една кратка изјава на Стојан Андов, која би сакал да ја цитирам во целост. Имено:
“Св. Апостл Павле се знае дека не била македонец и не го знаел македонскиот јазик. Со луѓето во Македонија тој разговарал на грчки јазик. Св. Павле бил Евреин.“
Би сакал да му предочам на, грчкиот промотор во Македонија, Стојан Андов, дека во времето кога Св. Павле доаѓа во Македонија, таа стенка под мечот на Рим. Ова е заради тоа што во 197 година П.Х. Рим ја поробува Македонија и наметнува силна Римска управа која дури ја дели Македонија на четири марионетски државички.
Значи 197 години пред да се роди Исус Христос.
Св. Павле доаѓа во Македонија во 56-57 г по Христа.
Сега ако ги собереме годините колку македонците имале да научат заеднички јазик со јудејците, би добиле некои 254 годинки.
Сега наградното прашање кое промоторот Андов би требало да го одговори:
П: Македонија и Јудеја (како и поголемиот дел од тогаш познатиот свет) бил поробен од страна на Римјаните. Римјаните не зборувале грчки. Кој бил официјалниот јазик на Римската империја?
О: ?
П.С. Размисли за каков јарем зборува македонецот кој го повикува Св. Павле во Македонија.
Од Библијата
No comments:
Post a Comment